На 28.07.2020 во 18.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Долно Дупени, ресенско, по претходна пријава за пронајден човечки череп, од полициски службеници бил извршен преглед и претрес на теренот.
При претресот во атар на с.Долно Дупени, на место викано „Големи Грми“, биле пронајдени делови од човечки леш.
По наредба на Јавен обвинител истите се подигнати и предадени на обдукција.