петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми – приведен дилер

Пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми – приведен дилер

На 21.10.2023 во 19:45 часот во Битола полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени: ловна пушка „застава“ кал.12, дрвен кундак од пушка, куршуми, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, нож со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети.

А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.