петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пушки и куршуми најдени во дом на охриѓанец

Пушки и куршуми најдени во дом на охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(44) од Охрид поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска нареба, полициските службеници пронашле и одзеле една ловечка пушка, една  воздушна пушка, една пушка „Црвена застава“ и 30 куршуми различен калибар кои нелегално ги поседувал.