ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(54) и М.И.(37), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
Во септември 2020 година А.С. пуштил во оптек три фалсификувани банкноти од 50 евра, кои му ги дал М.И. и за услугата му дал одреден паричен надомест.