петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Рачни бомби и куршуми најдени во нива во тетовско

Рачни бомби и куршуми најдени во нива во тетовско

На 21.11.2021 во 12:30 часот во СВР Тетово, С.Ј.(58) од тетовско Шемшово пријавил дека во неговата нива во месноста „Леска“, во атарот на ова село, пронашол две рачни бомби и три куршуми калибар 12,5 милиметри.

Извршен е увид, а пронајдените експлозивни средства се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.