четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Радовишанец со своето „Кавасаки“ се забил во приколка по што починал

Радовишанец со своето „Кавасаки“ се забил во приколка по што починал

На 26.08.2018 година околу 02.05 часот на улица “Илија Алексов” во Радовиш, Д.К.(20) од Радовиш управувајќи мотоцикл „Кавасаки“ со италијански регистарски ознаки удрил во паркирана тракторска полуприколка „ИМТ“.

Од незгодата Д.К. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип каде од страна на доктор е констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот.