сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ранет маж од Арачиново по расправија за пасење добиток

Ранет маж од Арачиново по расправија за пасење добиток

На 18.08.2019 околу 17:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди добиени од пиштол е донесен З.А.(30) од с.Мојанци, општина Арачиново.

Осомничен е Б.Р. (28) од с. Брест, кој според првичните сознанија, пукал во З.А. откако претходно, околу 16 часот А.А., брат на З.А., со стап го нападнал и му нанел повреди на таткото на Б.Р. на пасиштата над с.Арачиново по расправија околу напасувањето на добитокот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.