вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Расчистена разбојничка кражба во Скопје

Расчистена разбојничка кражба во Скопје

Денеска (27.01.2023), полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево извршија службен разговор со Г.Н.(52) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 26.01.2023 одзел повеќе производи во продажен објект на ул.„Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, а откако бил забележан од вработените им се заканил со остар предмет.

Во разговорот во полициска станица тој го признал делото и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.