среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Регистрирани два случаја на семејно насилство во Источниот регион

Регистрирани два случаја на семејно насилство во Источниот регион

Два случаја на семејно насилство регистрирал Секторот за внатрешни работи, првиот се случил синоќа во Карбинци, а вториот денеска во Кочани.

– Полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода 50-годишниот В.С. од село Радање, Општина Карбинци, бидејќи во 19:30 часoт во село Карбинци физички ја нападнал неговата поранешна 37-годишна сопруга. По комплетирање на случајот против В.С ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во крими извештајот на СВР-Штип.

Во Кочани полициските службеници од ОВР Кочани од слобода го лишиле 28-годишниот Д.А. од Кочани, затоа што во семејниот дом во Кочани физички ја нападнал неговата 54-годишна мајка. Надлежните од СВР-Штип велат дека по комплетирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.