На 03.02.2021 во СВР Битола од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа Битола, било добиено известување за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, од страна на родители Ѓ.Н. и Ј.У.(23) од Битола.
Од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална работа децата биле згрижени откако во Клиничка болница – Битола им биле констатирани повреди.
За случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.