четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Само во Скопје казнети 120 возачи,14 од нив возеле без дозвола

Само во Скопје казнети 120 возачи,14 од нив возеле без дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.