недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 144 возачи во Чаир

Санкционирани 144 возачи во Чаир

МВР информира дека денеска, во периодот од 10.00 до 16.00 часот, во спроведена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир, биле санкционирани 144 возачи.

Од 114 санкционирани возачи, 41 возач е казнет за возење со брзина над дозволената, 28 возеле без возачка дозвола, 13 користеле мобилен телефон, пет возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, апелираат од МВР.