петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 164 возачи за брзо возење

Санкционирани 164 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.

Од нив, 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.