среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 54 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани 54 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 54 возачи. Од нив 45 на територија на Прилеп, 6 во Битола,2 Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 54 други прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.