понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се обидел да нападне сосед, па извадил пиштол – сега ќе одговара

Се обидел да нападне сосед, па извадил пиштол – сега ќе одговара
илустрација

На 14.01.2023 во 00:20 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода С.Н.(51) од с.Долни Липовиќ, општина Конче, затоа што на 13.01.2023 околу 22:50 часот во село Долни Липовиќ се обидел физички да го нападне В.С.(39) од истото село, по што му упатил закани и од своето возило извадил пиштол.

Пиштолот бил пронајден и одземен од полициски службеници.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.