петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се преврте комбе полно со мигранти кај Катланово, 18 лица на Ургентен, петмина со тешки повреди

Се преврте комбе полно со мигранти кај Катланово, 18 лица на Ургентен, петмина со тешки повреди

Комбе во кое имало 18 мигранти денеска се преврте пред тунелот кај Катланово. Петмина од мигрантите се потешко повредени.

-Дошло до излетување од патот на товарно моторно возило ‘ивеко’  во кое се превезувале  мигранти. Досега 18 лица се упатени во Ургентен центар  Скопје за лекарска помош. Увид се врши, соопшти МВР.