вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се превртел со автомобилот: Скопјанец повреден и префрлен во болница

Се превртел со автомобилот: Скопјанец повреден и префрлен во болница

На 06.09.2020 околу 20.00 часот на автопатот А1 Удово – Демир Капија, во тунелот Т2, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(24) од Скопје, се превртелo, при што возачот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Неготино.

Извршен е увид на местото на настанот.