На 25.09.2022 во 00:15 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Градската општа болница Прилеп бил донесен повреден А.К.(38) од Прилеп.
Според пријавеното, на 24.09.2022 околу 21:30 на бензинска станица во Прилеп, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и уште едно лице, кое било во паркирано патничко возило „опел корса“.
Во координација со Јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.