среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија двајца велосипедисти во Скопје, и двајцата се здобиле со тешки телесни повреди

Се судрија двајца велосипедисти во Скопје, и двајцата се здобиле со тешки телесни повреди
илустрација

На 17.05.2023 вo 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека од бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеда, управувани од П.В.(32) од Битола и К.П.И.(39) од Богданци.

По несреќата, двајцата биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде на К.П.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.В. телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.