среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија мотоцикл и возило, па настана пожар – двајцата возачи се повредени

Се судрија мотоцикл и возило, па настана пожар – двајцата возачи се повредени
илустрација

На 02.09.2023 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(21) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(31) од Скопје, по што настанал пожар на мотоциклот и возилото.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Д.М., додека возачот Ф.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.