петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се запали хотел во Неготино, три лица завршија во болница

Се запали хотел во Неготино, три лица завршија во болница
фото илустрација

На 21.06.2022 во 18:40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека настанал пожар во хотел на бул.„Маршал Тито“ во Неготино.

Од екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци пожарот бил изгаснат.

Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.