На 01.08.2020 во 08.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.Мите Богоевски во Скопје настанал пожар на електрична разводна кутија сопственост на ЕВН која била во дворни места по што од настанатиот пожар биле опожарени фасади од бараките соспственост на Р.С.(41) и И.Ч.(46) двајцата од Скопје, информира МВР.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.