петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се запали „Рено Меган“ во движење- интервенирала и противпожарна единица од Охрид

Се запали „Рено Меган“ во движење- интервенирала и противпожарна единица од Охрид
илустрација

Вчера во 18.20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во патничко возило во движење на локален пат кон охридското село Велестово, во кој нема повредени лица.

Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал при движење на автомобил „Рено Меган“, со холандски национални ознаки, сопственост и управувано од М.П.Ф.М (57) од Холандија.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.