На 01.06.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, од тераса на куќата во која живее, паднало седумгодишно дете и се здобило со повреди, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.