Денеска (15.12.2022 ) во 01.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ф.(23) од Скопје затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, ја нападнал со остар предмет неговата 25-годишна сопруга од Скопје.
По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.