сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Семејни тепачки: Јатрви се степале во струмичко, девер нападнал снаа во Куманово

Семејни тепачки: Јатрви се степале во струмичко, девер нападнал снаа во Куманово

Полицијата во денешниот билтен бележи и два настани на семејни напади.

Во првиот случаи вчера вечерта во струмичката полиција 35-годишна жена од струмичко село пријавила дека била физички нападната од нејзината јатрва Н.Д..

На нападот, според пријавата, му претходела расправија, а бил употребен и дрвен предмет.

Вториот случај е регистриран вчера во Куманово.

-О.Р.(33) од Куманово пријавил дека неговата сопруга Е.С. била физички нападната од неговиот брат Ѓ.Р.(38)., информира МВР.

Во двата случаи полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.