Денеска (09.01.2023) во 13.40 часот на ул.„Стив Наумов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(20) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Денеска (09.01.2023) во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(21) од с.Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје. Тие се сомничат дека околу 10.10 часот пред продажен објект на ул.„Жегљане“ извршиле разбојништво од возило „пежо боксер“, сопственост на фирма. Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер“, а во с.Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но набргу биле фатени и приведени. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (09.01.2023), полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(35) од Скопје затоа што во угостителски објект на ул.„Бутелска“ со уште неколку лица агресивно се однесувал кон сопственичката и вработените и оштетил дел од инвентарот. Лицето било задржано во Полициската станица Кисела Вода и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.01.2023 во 22.30 часот во с.Долно Лисиче, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(38) од Скопје затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.