среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Штипјанец со картичка на Италијанец извршил 72 успешни трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од 70.300 денари

Штипјанец со картичка на Италијанец извршил 72 успешни трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од 70.300 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ј.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 13.04. до 19.04.2023, пријавениот ги обезбедил податоците од дебитна картичка на лице од Италија, со привремен престој во Штип, по што извршил 72 успешни трансакции на 27 продажни места и се стекнал со противправна имотна корист од 70.300 денари.