Пријава за семејно насилство добила вчера полицијата во Гостивар.
Шеесет и шест годишната гостиварка С.Г. го пријавила својот син околу 13 часот Д.Г.(44).
-Околу 13,00 часот истиот ден синот и побарал 500 денари, а кога не му го дала бараниот износ физички ја нападнал. Пријавениот Д.Г. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот, информираат од МВР.