вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец ќе одговара за „загрозување на животната средина и природата со отпад“

Скопјанец ќе одговара за „загрозување на животната средина и природата со отпад“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“.

На 15.02.2022, при извршена контрола од полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано во дворно место на пријавениот во општина Шуто Оризари – Скопје, бил затекнат пријавениот при неовластено тргување со отпад без да биде регистриран во Централниот регистар на Република Македонија и без да поседува дозвола за вршење дејност за управување со отпад издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.