На 26.12.2022 околу 20:00 часот пред казино на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода А.Ѓ.(43) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.