понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба од угостителски објект

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба од угостителски објект

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот 36-годишник, на 29 јули бил затечен во кражба во угостителски објект на улица „Славе Георгиевски – Шнајдер“, употребил сила и нападнал две лица татко и ќерка.

Тој, како што посочува ЈО, преку прозорецот влегол во угостителскиот објект и одзел три телевизори во вкупна вредност од 100.000 денари. Но, притоа бил затекнат од оштетениот и неговата ќерка, кои се обиделе да повикаат полиција.

-Во тој момент, осомничениот ја удрил оштетената со тупаница во пределот на главата, ја турнал и се обидел да го удри нејзиниот татко, кој го одбил ударот со рака. Пријавениот се обидел да избега од местото на настанот со својот мотор со приколка, но оштетениот и еден случаен минувач успеале да го задржат. За тоа време, оштетената настанот го пријавила во блиската полициска станица, по што полициски службеници го лишиле од слобода осомниченото лице, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. (МИА)