Младо момче од Скопје било повредено во ногата од залутан куршум додека работело.
Околу 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Сарај, скопско, во објект во изградба, додека 29-годишниот Д.З. и 63-годишниот Б.С. од Скопје работеле на објект, Д.З. се здобил со телесна повреда на ногата од залутано зрно, но одбил да биде пренесен за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.