Во СВР Скопје, вчера во 12.45 часот С.К.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.15 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое управувало патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.