На 16.09.2018 година во 2:15 часот во Полициската станица Бит Пазар, И.С.(43) од Скопје пријавил дека на 15.09.2018 година околу 22.30 часот во ресторан на улица „Филип Втори Македонски“физички бил нападнат од непознато лице, при што се здобил со тешки телесни повреди на главата.
Со приватно возило тој отишол во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.