На 28.08.2021 околу 00,40 часот пријавено е дека на ул.Борис Трајковски во Скопје З.Д. (46) управувајќи електричен тротинет „ксауми“, паднал.
По незгодата З.Д. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.