среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец се обидел да ја измами полицијата: Му ја одзеле сообраќајната дозвола, па побарал да му извадат дупликат

Скопјанец се обидел да ја измами полицијата: Му ја одзеле сообраќајната дозвола, па побарал да му извадат дупликат

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.А.(40) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ”, казниво по член 367 од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на октомври 2021 година, до Одделението за управни работи при МВР, поднел барање за издавање на дупликат сообраќајна дозвола за патничко моторно возило во негова сопственост, при што во прилог на барањето приложил изјава со негов лажен исказ дека сообраќајната дозвола ја изгубил и доколку ја пронајде истата ќе ја врати, иако сообраќајната дозвола му била одземена од полициски службеници од Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје за сторен сообраќаен прекршок.