МВР соопшти дека вчера околу 18.30 часот бил избоден 60-годишен маж со нож.
Како што информира МВР, на 24.10.2022 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Босна и Херцеговина“, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Д.К.(60) од Скопје и три други лица, при што едно од лицата со остар предмет му нанело повреди на Д.К..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.