петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец среде полициски час бил агресивен кон полицајци

Скопјанец среде полициски час бил агресивен кон полицајци

На 04.05.2021 во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Петровец во нас.„Илинден“ го лишиле од слобода С.С.(30) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.

Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот.

По целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.