На 30.08.2022 во 15.00 часот на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје затоа што околу 14.40 часот на автобуска постојка на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од М.Ѓ.(68) од Скопје одзел пари и личен предмет.
Одземенoто е пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.