На 07.06.2022 во 22.45 часот на бул.„Србија“, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Д.А.(56) од Скопје, затоа што му се заканувал на Ј.А.(29) од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.