сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец доби кривична пријава поради тоа што полицијата го пронајде во неговото возило

Скопјанец доби кривична пријава поради тоа што полицијата го пронајде во неговото возило

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување на оружје или распрскувачки материи“.

На 20.07.2022 на магистрален пат Куманово-Крива Паланка, во возило управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле 162 куршуми калибар 22LR и две рамки за пушка, кои неовластено ги поседувал.