сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец фатен со кокаин и марихуана во автокамп во Охрид

Скопјанец фатен со кокаин и марихуана во автокамп во Охрид

На 29-07-2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Ф.Б.(37) од Скопје.

При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана.

Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.