СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.И.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.11.2022, полициски службеници постапувале по наредба за приведување на пријавениот поради бегство од затвор и притоа, во станот каде што го пронашле, биле пронајдени и одземени половина килограм марихуана и остатоци од тетрахидроканабинол.