На 01.08.2023 во 21:00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот.
Во суштина, тоа претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.