петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец тешко повреден на своето работно место

Скопјанец тешко повреден на своето работно место

На 21.02.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.К.(63) од Скопје.

Според пријавеното, тој се повредил додека извршувал работни задачи во магацин на фирма на ул.„Александар Урдаревски“.

Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје, а известен бил и трудов инспектор.