СВР Скопје – Одделение за насилен криминал – Единица за насилен криминал, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Р.(45) и Р.М.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека околу 02.00 часот на 11.05.2022 во казино на ул.„Качанички пат“ физички го нападнале Е.Т. и му се заканиле со пиштол.
По преземени мерки, тие биле лишени од слобода на 24.05.2022 и по судска наредба бил извршен претрес во нивните домови.