Вчера околу 07.20 часот во СВР Скопје, С.Д.(21) од Скопје пријавил дека околу 05.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил заедно со А.Н. и Ф.Н., забележале безживотно тело во водите на сепарацијата.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги насилство, а телото било извадено и предадено на Судска медицина за понатамошна постапка.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.