На 15.05.2023 во 18.40 часот во Полициската станица Гази Баба, А.С.(22) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзините соседи А.Н.(21) и 51-годишната З.Н., двајцата од Скопје.
Исто така, во 18.40 часот, А.А.(54) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба нејзината малолетна ќерка, по претходна расправија, била физички нападната со тврд предмет од нејзината сосетка З.Н.(51) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите по што ќе следува поднесок.