среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанка измамена- уплатила 23.000 евра за апартмани, не добила ништо

Скопјанка измамена- уплатила 23.000 евра за апартмани, не добила ништо

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.К. (41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци’’ и ,,измама’’.

Пријавениот, лажно претставувајќи се во име на лице од Струмица, преку мобилни апликации довел во заблуда жена од Скопје дека ќе ѝ помогне при купување на три апартмани во Струга, за што во неколку наврати извршила уплата на парични средства во износ од 23.000 евра, но ниту ги добила апартманите, ниту и биле вратени парите.